| Групните патувања (пакет аранжманите) се организираат од страна на агенцијата во соработка со странски партнери и туроператори. Во пакет аранжмани се подразбира комплетна организација на аранжманот, обезбеден превоз со авион или автобус до одбраната дестинација, трансфери од аеродром до хотел и обратно, сместување во одбрани хотели на база ноќевање со појадок, полупансион или полнпанион, вклучени излети и водство на аранжманот. Карактеристично за овие пакет аранжмани е обврската на патниците да се прилагодат на однапред понудените термини на патување. |  |