Welcome Добредојдовте


 


 

Автобуски превоз Скопје - ПОЛСКА - Скопје со "Adamis Tours"
Aвтобускиот превозник Adamis Tours од Полска е редовен лиценциран превозник кој Ви овозможува на професионален и комфорен начин да стигнете до Полска. Превозот се врши со високотуристички автобуси Bova Futura. Туристичката агенција ФРАМА е овластен продажен агент за Македонија. Adamis Tours
 
 
Цени:
Билет во еден правец (OW) 86 ЕУР (5.330 денари) 
Повратен билет (RT) 150 ЕУР (9.300 денари)
 
Поаѓања од Скопје: 
  • секој ЧЕТВРТОК во 17:00 часот (паркинг хотел Континентал) 
Поаѓање од Полска: 
  • секој ВТОРНИК  
Напомена: потврда на времинњата со реконфирмирање на билетот 
Важност на билетот: 3 месеци од датумот на патувањето. Билетот неможе да се пренесе на трето лице. Патникот со повратен билет со отворено враќање потребно е да направи резервација најмалку 14 дена пред започнувањето на патувањето. 
Багаж: Патникот има право на багаж до 25 кг (димензии 90см х 60см х 30см) и мал рачен багаж. Екстра багажот и багажот надвор од пропишаните димензии се наплаќа дополнително. Фрама како продажен агент на Adamis Tours не презема одговорност во случај на губење или оштетување на багажот.
Откажување на патувањето и рефундација:  
- Откажување до 14 дена пред поаѓање 20% од цената на билетот 
- Откажување до 7 дена пред поаѓање 25% од цената на билетот 
- Откажување до 48 часа пред поаѓање 50% од цената на билетот 
- Откажување пократко од 48 часа 0% од цената на билетот 
Во случај на повратен билет се рефундира разликата од цената во еден правец намалена за износот на рефундацијата. 
Други услови: Патниците се должни да поседуваат исправна патна документација (пасош, визи ...), во спротивно превозникот нема обврска за враќање на средства. Превозникот не презема одговорност во случај на доцнење на патниците. Забрането е внесување на животни и пушење во автобусот. Плаќање: плаќањето се врши во денари.
 
Резервации: Т.А. ФРАМА тел. (02) 3115 124
 

 

 

All Rights Reserved. Copyright © 2001-2006 FRAMA.
All trademarks are property of their legal owner.
Visa American Express Master Card Diners Card Web Development Studio
www.studio.com.mk