Фрама е специјализирана агенција за организирање на меѓународни и домашни КОНГРЕСИ, СЕМИНАРИ, СОВЕТУВАЊА, СИМПОЗИУМИ.
Доколку сакате да организирате конгрес со неколку стотина учесници или само деловен состанок за неколку лица, обратете се до нас, ние Ви нудиме комплетна услуга за организација и одржување истиот базирана на искуството и професионалноста која Вие ја очекувате од нас.
За одржувањето на конгресите, Ви нудиме сместувачки капацитети во Скопје, Охрид и други градови кои би одговарале за потребите на самиот настан (капацитет, број и видови на сали за состаноци со скици и димензии, планови и др.).
Наши услуги:
- прием на пријави за учество и регистрација на конгрес преку телефон, факс или e-mail
- испраќање на повратни информации за потврда на пријавите и компјутерска евиденција
- понуда на најповолни тарифи на авионски билети (PTA-pre-paied) за учесниците на конгресот кои пристигнуваат од странство
- прифаќање на учесниците на конгресот на аеродромот во Скопје или Охрид од страна на претставник на ФРАМА со лого на конгресот/агенцијата
- организиран трансфер на учесниците на конгресот со возило, минибус, автобус од аеродромот во Скопје или Охрид до хотелот каде се одржува конгресот
- прифаќање на учесниците на конгресот од страна на претставник на ФРАМА на рецепција на хотелот и нивно сместување во собите
- обезбедување на апаратура за симултан превод
- обезбедување на симултани преведувачи (во договор со друштвото)
- опремување на просторија со компјутери и додатна опрема (печатач, фотокопир, телефон/факс апарат, интернет и др.)
- организирање на свечена вечера и коктел за добредојде
- присуство и асистенција на претставници на ФРАМА кои говорат странски јазици
(англиски, француски, италијански, грчки и др. јазици)
- понуда на туристички постконгресни тури за учесниците на конгресот
|