Welcome Добредојдовте


 


  Општи услови на патување

01. ПРИЈАВИ И УПЛАТИ
За патување кое е организирано од страна на Фрама, патникот може да се пријави во сите простории на Фрама. Пријавата станува валидна по потврдата од страна на службата за резервации, со обврзно потпишување на писмен договор за патување. Со својот потпис на договорот за патување, патникот потврдува дека е запознаен со содржината на Општите услови на патување како и со програмата на патување и дека тоа го прифаќа. Со пријавата, патникот е должен да уплати обврзна аконтација во висина од 30% од износот на целиот аранжман, доколку не е поинаку предвидено во програмот на патување. Останатиот износ се уплатува 10 дена пред почетокот на патувањето, доколку со програмот на патување не е одреден друг рок. Доколку патникот во рокот кој е предви-ден со договорот, програмот на патување или со општите услови на патување не ја изврши уплатата во целост, патувањето се смета за откажано и во тој случај се применуваат одредбите од точка 10 на овие услови.

02. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот на патувањата е должен пред се да се однесува со внимание како во поглед на услугата така и со одбирањето на лицата на кои им е поверено извршувањето на поедини услуги.
Покрај тоа организаторот на патувањето е должен да:

  • со патникот склучи писмен договор за патување
  • му обезбеди на патникот писмен програм на патувањето, општи услови на патувањето како и да го запознае со можностите и понудата за осигурување
  • му исплати на патникот адекватна накнада по повод благовремено доставениот писмен приговор, поради потполно или делумно неизвршување на услуги опфатени со програмата на патување, по општите услови на патување на Фрама

03. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ
Право и должност на патникот е пред се да се запознае со програмот на патувањето како и со содржината на општите услови за патување, што прифаќа со потпишување на договорот во свое име или во име на корисникот за чии потреби се врши уплатата.
Патникот е должен да ја изврши уплатата на аранжманот по условите предвидени со програмот на патување како и со договорот.

Патникот е должен да, на барање на организаторот, благовремено ги достави сите потребни податоци за организирање на патувањето.

Патникот лично гарантира за неговите документи и багажот. Патникот одговара за штета начитета врз организаторот или врз трето лице.

Патникот може да одреди друго лице да го користи аранжманот во негово име (под услов тоа лице да ги задоволува потребите предвидени за одредено патување), и во тој случај патникот е должен да изврси накнада на реалните трошоци предизвикани со замената, на организаторот.

04. ЦЕНА, СОДРЖИНА И ТРАЕЊЕ НА АРАНЖМАНОТ
Цените се објавени во програмот на патување и утврдени се врз основ на договор со нашите странски партнери и не мораат да одговараат со цените објавени на лице место. Разликата во цените не може да биде предмет на рекламација... Организаторот може да предвиди дека некои услуги кои се користат во странство треба да му се платат директно на странскиот партнер, и во тој случај Фрама ги презема сите обврски на својот странски партнер кон патникот, за евентуални неизвршени или непотполни услуги.

Цената на аранжманот по правило вклучува (доколку не е поинаку назначено во програмот на патување): услуга за превоз, хотелски и угостителски услуги, и организација на патувањето. Доколку е наведено цената може да вклучува и аеродромски такси, како и трошоци за стручен и локален водич.

Цената на аранжманот по правило НЕ вклучува (доколку не е поинаку наведено);

  • факултативни излети
  • трошоци за вадење и добивање виза
  • влезници за објекти кои се посетуваат
  • осигурување

Сите видови на посебни услуги (еднокреветни соби, додатни оброци идр) патникот сам ги плаќа и должен е да ги нарача при пријавата на патувањето. Доколку патникот сака посебна услуга за време на патувањето, истата ја плаќа на странскиот партнер во валута на земјата во која се наоѓа.

Траењето на аранжманот одредено е со календарска дата (а не час) на поаѓање и враќање, особено кај авио аранжманите, пред се поради апсолутна невозможност во моментот на објавувањето на програмата да се прецизира часот на полетување на одење и враќање за чартер летовите, траење на трансферот и слично. Тоа значи дека првиот и последниот ден не подразбираат одредено време траење на престојот, туку само го означуваат денот на почетокот и завршувањето на патувањето, поради што корисникот на патувањето нема право на приговор (влегување во хотелски соби во попладневни часови, напуштање на собите во раните утрински часови, и слично).

05. ПРАВО НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА
Цената на аранжманот одредена е со ценовник валиден на денот на склучување на договорот кој ги обврзува двете договорни страни, освен во законот за предвидени случаи каде организаторот може да инсистира на зголемување на цената. Организаторот на патувањето може да инсистира на зголемување на догово-рената цена доколку после потпишувањето на договорот дошло до промена на курсот во размена на валутите, или до промена во тарифите на превозникот кои влијаат врз цената на патувањето. За зголемување на цената организаторот е обврзен да го извести патникот писмено или усмено со образложение.

Доколку зголемувањето на догово-рената цена преминува 10% патникот може да го раскине договорот без обврска за накнада на штета, но најдоцна два дена од известувањето за зголемување на цената. Во тој случај на патникот му се враќа аконтацијата во целост. Доколку патникот не го испочитува рокот, се смета дека е согласен со новата цена. Организаторот е во секое време овластен да, во зависност од состојбата на маркетот и сопствената деловна политика, ја намали цената на аранжманот и истото е валидно само во иднина без оглед на однапред склучен договор, па не може да представува основ за било каква рекламација кон организаторот за повраток на средства за евентуална разлика во цената.

06. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГА
Понудените хотели, апартмани и други објекти во програмите на Фрама опишани се спрема официјалната категоризација. Исхраната, комфорот и другите услуги зависат од цената и се разликуваат во зависност од одредиштето. Организаторот на патувањето не го обврзуваат усните рекламации, на продажните места, кои не се во склад и отстапуваат од описот даден во писмениот програм на патувањето.

07. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ / АПАРТМАНИ
Распоредот на собите и апартманите е одреден од страна на рецепцијата во местото на престојот. Хотелите кои се користат за летувања составени се од повеке објекти. Доколку патникот однапред не договорил стриктно за каква соба треба да се работи должен е да прифати било каква службено регистрирана соба/апартман во објект опишан во програмата на пату-вање, без оглед на тоа дали собата се наоѓа во централна зграда или пак во друг објект во склоп на хотелските капацитети.

Доколку е во можност, организаторот секако ќе му излезе на секој патник во пресрет, но не може да гарантира за исполнување на посебните услуги.

Патникот ја превзема одговорноста за почитување на правилата на однесување во одреден објект, а се однесува на внесување на храна, пијалоци и друго како и изнесување на храна од шведската маса и слично. Услугата СЕ ВКЛУЧЕНО ја подразбира услугата по хотелски правила и не мора да биде иста во сите хотели во сите одредишта.

08. ПАТНИ ИСПРАВИ
Сите услови објавени во програмот на патувањето се однесуваат исклучиво за државјани на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а организаторот НЕ Е ДОЛЖЕН да ги предупредува патниците кои не се државјани на истата на условите (визни на пр), туку е тоа обврска на патникот, странскиот државјанин да ги обезбеди потребните услови и исправи благовремено.

Патник кој се пријавува за патување во странство мора да има важечки документи, и во рок предвиден во програмот на патување да ги достави сите потребни документи за виза за земјата во која патува, доколку визата ја вади организаторот. Организаторот не гарантира за добивање на виза.

09. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО НА ОТКАЗ
Организаторот на патувањето може да го откаже патувањето во целост или делумно, во случај на настапување на вонредни околности кои не можеле да се предвидат, избегнат или отклонат, а кои би биле доволна причина за откажување на патувањето. Доколку патувањето се прекинува од вакви причини, организаторот има право на надокнада за услугите кои ги пружил.

Организаторот е овластен да го откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници, во склад со одредбите на патувањето, за што е должен да ги извести патниците благовремено, а најдоцна 5 дена пред планираното патување, со обврска да изврши повраток на средствата во целост без одлагање, а најдоцна 3 дена од денот на отказот.

10. ОТКАЖУВАЊЕ НА ПАТНИКОТ ОД ПАТУВАЊЕТО
Патникот има право на отказ од патувањето, за што е должен писмено да го извести органи-заторот. Датумот на писмениот отказ представува основа за пресметување на надокнадата која ја задржува организаторот, изразена процентуално во однос на вкупната цена на патувањето.

  • 5% ако се откажув е 30 дена пред почетокот
  • 15% ако се откаже 29-15 дена;
  • 40% ако се откаже 14-8 дена;
  • 85% ако се откаже 7-1 ден;
  • 100% ако се откаже на денот на патувањето.

Патникот има обврска да му ги надокнади на организаторот само реалните трошоци доколку до откажување на патувањето дошло поради околности кои не можеле да бидат предвидени, отклонети ни избегнати, а кои би представувале оправдана причина за несклучување на договор ако постоеле во тоа време. За такви причини патникот мора да достави валидни докази и само под тие услови може да изврши повраток на средства, доколку тие ги надминуваат реалните трошоци. Организаторот на патувањето, во случај да патникот кој го откажал патувањето најде замена или пак организа-торот обезбеди замена, на патникот мора да му изврши повраток на сите средства во целост, со одбивање на само реално направените трошоци.

11. ИЗМЕНА НА ПРОГРАМОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот на патувањето има право на измена на програмот на патување, доколку истата е предизвикана од вонредни околности кои не можеле да бидат предвидени од организаторот, со тоа што трошоците настанати како последица на измената на програмот, паѓаат на терет на организаторот.Замена на договореното сместување може да се врши само со употреба на објект од иста или повисока категорија, во исто одредиште.

12. РЕКЛАМАЦИИ
Секој патник поединечно, има право на приговор поради неизвршена или делумно извршена услуга и обврзан е да приложи писмена рекламација кон организаторот на патувањето најдоцна во рок од 8 дена по завршеното патување. По истекот на овој рок организаторот не е должен да ја земе во предвид рекламацијата. Исто така организаторот не е должен да ги разгледува групните рекламации доставени без полномоштво за застапување, како ни рекламации без конкретен приговор за секој член од групата посебно. Во интерес на патникот е да ја достави рекламацијата лично со потврда за прием од овластено лице.

Доколку до неизвршување на услуги дошло по вина на организаторот, патникот има право на одштета во висина на реалните вредности на неискористените услуги. Организаторот е должен да одговори на уредно доставената рекла-мација во рок од 15 дена од нејзиниот прием.

Висината на накнадата која се исплатува по основаниот и благовремен приговор, сразмерна е со степенот на неизвршената или делумно извршената услуга, што значи дека истата не може да ги вклучи и извршените услуги, ниту пак да го достигне износот на целосната уплата.

Организаторот на патувањето одговара за штетата која ја предизвикува на патникот поради потполно или делумно неизвршени обврски кои се однесуваат на организација на патувањето во склад со одредбите на Законот за облигациони односи. Барањето за накнада на штета се поднесува во тек на патувањето а најдоцна 8 дена по истекот на патувањето. Во интерес на патникот е своето барање да го упати директно на лицето кое ја пружа услугата (рецепција, превозник, туристичка агенција во странство). Доколку примедбите не се уважени, пожелно е да се бара писмена потврда од која ке се види дека услугата не е извршена како што во програмата на патување е предвидено.

13. БАГАЖ
Патникот има право на бесплатен превоз на багаж до одредена тежина која ја одредува авио-превозникот. Секој вишок на багаж патникот го плаќа спрема ценовникот на авиопревозникот. Кај превоз со автобус секој патник може да понесе 2 торби. Деца до 2 години немаат право на бесплатен багаж.

Организаторот на патувањето не превзема одговорност за изгубен, оштетен багаж, ниту за кражба на истиот. Патникот е должен да води сметка за својот багаж кој се внесува во кабина (рачен багаж) како и при давање односно превземање на багажот.

14. ЦАРИНСКИ ДЕВИЗНИ ПРОПИСИ
Патникот е должен стриктно да ги почитува царинските и девизните прописи, како во Р.Македонија, така и во земјите во кои е во транзит и крајните одредишта. Во случај на спречување на патувањето поради кршење на наведените прописи, сите последици и трошоци ги сноси самиот патник.

15. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ
Патникот е обврзен да за земјите во кои важат посебни правила, изврши потребна вакцинација и земе потврда за тоа. Се препорачува уплата на полиса за здравствено осигурување. Доколку Вашиот аранжман содржи осигурување (мора да биде назначено во програмата), се применуваат Условите на осигурување.

16. ГУБЕЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Доколку за време на патувањето, дојде до губење или кражба на патна исправа или други документи, трошоците за издавање нова патна исправа како и останати трошоци се на терет на патникот.

17. ОСИГУРУВАЊЕ
Доколку сте осигурани преку организаторот на патувањето, трошоците за рефундација на средства кои ги покрива осигурителната компанија се бараат исклучиво од истата (Еуролинк , Кјуби ...)

18. ПОПУСТИ ЗА ДЕЦА
Попустите за деца се одредуваат од страна на хотелиерите и се толкуваат со ограничување (ако попустот важи за деца до 2 години, за дете со 2 години и еден ден или пак попустот не важи).

ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ КОИ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ НА АРАНЖМАНИТЕ НА ФРАМА.

 

 

 

All Rights Reserved. Copyright © 2001-2005 FRAMA.
All trademarks are property of their legal owner.
Visa American Express Master Card Diners Card Web Development Studio
www.studio.com.mk