 |
За нас 
|
За нас
| Туристичката агенција Фрама е основана во 1991 година во Скопје како приватно претпријатие За кратко време од своето постоење, ФРАМА станува членка на IATA (International Air Transport Association ), а подоцна и членка на ATAM (Асоцијација на туристички агенции на Македонија). Фрама опслужува голем број на институции, странски мисии и претставништва, амбасади како и домашни успешни компании. Фрама поседува ЛИЦЕНЦА А бр. 144 издадена од Министерство за економија на Р. Македонија. Фрама е членка на IATA- Code 76-3 2020 4 и е една од најдобрите помеѓу IATA агенциите во продажбата на авионски карти во Македонија. Фрама е добитник на многубројни признанија од страна на Стопанската Комора на Македонија како и од многубројни корисници на туристички услуги на Фрама.
| | | | Услуги |
| | | AВИОНСКИ БИЛЕТИ Благодарение на системот за резервации Амадеус во можност сме да понудиме НАЈПОВОЛНИ ЦЕНИ НА АВИО БИЛЕТИ за сите дестинации за сите авиокомпании НА ЕДНО МЕСТО. Нашиот тим за резервации секогаш ќе ги понуди најдобрите расположиви опции со најповолни цени. На ваше барање бесплатно се доставуваат авионските билети до вашите канцеларии, на аеродром или друго место кое Вие ќе го одредите (по договор). За сите информации околу цени, ред на летање и резервации можете да се информирате бесплатно преку телефон, факс или e-mail, на што ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. НУДИМЕ ПОСЕБНИ ЦЕНИ ЗА ГРУПНИ ПАТУВАЊА, ПОПУСТИ ЗА МЛАДИНЦИ И ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !
| | | ХОТЕЛСКИ РЕЗЕРВАЦИИ Резервирајте хотелско сместување за Ваши деловни и приватни патувања низ целиот свет. Преку системот за резервации Амадеус, како и во соработка со грижливо одбраните агенти и групацијата на хотели ACCOR ( Formule 1, Motel 6, Etap Hotel, Ibis, Mercure, Novotel ...), во можност сме да Ви обезбедиме хотелско сместување во целиот свет. Плаќањето се врши во денари во нашата агенција, а доставувањето на потврдата за хотелската резервација и ваучерот може да се изврши во Вашиот дом или канцаларија. Резервирајте хотелско сместување при посети и учество на меѓународни конгреси, семинари и саеми. Со опис на хотелот, локацијата, оддалеченост од аеродромот и главните објекти како и други информации, ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор според вашите потреби и очекувања.
| | | КОНГРЕСИ, СЕМИНАРИ, САЕМИ Фрама е специјализирана агенција за организирање на меѓународни и домашни КОНГРЕСИ, СЕМИНАРИ, СОВЕТУВАЊА, СИМПОЗИУМИ. Доколку сакате да организирате конгрес со неколку стотина учесници или само деловен состанок за неколку лица, обратете се до нас, ние Ви нудиме комплетна услуга за организација и одржување базирана на искуството и професионалноста која Вие ја очекувате . За одржувањето на конгресите, Ви нудиме сместувачки капацитети во Скопје, Охрид и други градови кои би одговарале за потребите на самиот настан (капацитет, број и видови на сали за состаноци со скици и димензии, планови и др.). Наши услуги: прием на пријави за учество и регистрација на конгрес преку телефон, факс или e-mail, понуда на најповолни тарифи на авионски билети (PTA-pre-paied) за учесниците на конгресот, прифаќање на учесниците на конгресот на аеродромите од страна на претставник на ФРАМА со лого на конгресот/агенцијата, организиран трансфер на учесниците на конгресот со возило, минибус, автобус, обезбедување на апаратура за симултан превод, обезбедување на симултани преведувачи, опремување на просторија со компјутери и додатна опрема (печатач, фотокопир, телефон/факс интернет и др.), свечена вечера и коктел, присуство и асистенција на претставници на ФРАМА кои говорат странски јазици (англиски, француски, италијански, грчки и др. јазици), - понуда на постконгресни тури ... .
| | | ТРАНСФЕРИ, ВИЗИ, РЕНТАКАР ... Трансфери со возила, минибуси и автобуси до и од аеродром како и во целата земја. Посредување за добивање на визи за Канада, Мексико, Бразил, Австралија, ЈАР, Кина, Полска ... Патничко осигурување на Еуролинк, Вардар, Сигма. Рентакар услуги
|
|
|
|
 |